Се враќа ли во мода занаетот?!

Се враќа ли во мода занаетот – електричар, автомеханичар, заварувач или водоинсталер – професии кои до неодамна беа заборавени денес носат сигурна работа и добра заработувачка. Од Занаетчиската комора велат дека огромната побарувачка за ваквите професии, а од друга страна и недостигот на работна сила, предизвикаа значителни поместувања на пазарот на трудот.