СЕ' УШТЕ СЕ УТВРДУВА ИДЕНТИТЕТОТ НА ЕДЕН ОД ЗАГИНАТИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ДРАЧЕВО
Foto

СЕ' УШТЕ СЕ УТВРДУВА ИДЕНТИТЕТОТ НА ЕДЕН ОД ЗАГИНАТИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО ДРАЧЕВО

Расфрлани остатоци од камионот во кој синоќа смртоносно влета „Рено 5“ со петмина патници, и денеска сведочеа за кобниот судир во скопско Драчево. Тука, возилата се пресретнале 15тина минути пред полноќ. Автомобилот директно се забил во предниот дел на камионот, а од силината на ударот и повредите, петтемина патници, починале на самото место.

Според увидот на јавниот обвинител, до сообраќајна несреќа дошло откако автомобилот од засега непознати причини, преминал на спротивната страна од коловозот, по што директно се судрил со камионот на Комунална хигиена.

Шоферот на камионот, без потешки повреди веќе е пуштен на домашно лекување. Идентитетот на жртвите пак, се уште не може да се утврди во целот. Во полицискиот билтен недостасуваат податоци за еден од настраданите, кој според МВР, се знае само дека станува збор за возрасен маж.

- „Во несреќата возачот Ј.Л. и сопатниците во возилото „Рено“ - С.Н., А.Т. (54) од Скопје, Е.Т. (37) од Скопје и И.А. (40) од Скопје починале на местото на настанот, додека, пак, возачот на товарното возило - М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.“ - стои во билтенот на МВР.

Од институтот за судска медицина официјален извештај за идентитетот жртвите, најавуваат до крајот на денот. А како дошло до несреќата и зошто возачот на реното возел во спротивна лента, ќе истражуваат надлежните органи, откако ќе заврши и техничкото вештачење на возилата.

0 Коментари

Остави коментари