Сè уште се трага по разбојниците што извршија грабеж во златара во Гостивар

Полицијата се уште трага по четворицата маскирана вооружени разбојници кои во филмски грабеж синоќа во центарот на Гостивар ограбија златара.

Крадците крајно професионални и координирани, со автоматско оружје влегуваат во златарата, со црн џип без регистарски таблички бегаат, а позади нив фрлаат бодликави жици во обид да ја сопрат евентуалната полициска потера. 

Возилото марка БМВ кое го користеле криминалците најдено е запалено на патот кон планинскиот превој Стража. Крадците се офајдиле со 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра.

И од Основното јавно обвинителство Гостивар велат дека нивни екпи работат на расветлување на случајот.

Основнот јавно обвинителство

- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта и утрово издава повеќе наредби и насоки со цел откривање на сторителите.

Професорот по безбедност Владимир Пивоваров, вели дека непрофесионални органи на редот од година вгодина ги охрабруваат криминалците на вакви дејанија. Решението го гледа во соработка на месното население со полицијата, која треба да врши позачестена патрола низ населбите. 

Филмските грабежи зачестија. Во последниот симптоматично е што крадците избираат мета за кражба на една од најфрекфрентните локации во Гостивар. Таму ладно го вршат разбојништвото додека покрај нив поминуваат случајни минувачи.