Се уште се истражува причината за сообрајќајна несреќа кај Копаоник
Foto

Се уште се истражува причината за сообрајќајна несреќа кај Копаоник

Причината за сообраќајната несреќа на патниците кои тргнале на екскурзија во Копаоник се уште официјално непознатa. Од Министерството за надворешни работи велат дека се уште чекаат на српското Министерство за внатрешни работи да обелодени информации кои што треба да покажат поради кои причини настанала сообраќајната несреќа.

Од агенцијата „Камелија турс“, велат дека тие се само организатори на аранжамонот на патниците, додека, превозот го вршел гевгелискиот превозник „ Амиго компани“. Во однос на настанот велат дека чувствуваат одговорност, но и дека се подготвени на обештетување согласно законските прописи доколку тоа се побара од нив.

Последен пат кога автобусот подлежел на технички преглед бил извршен пред 5 месеци, истиот ги задоволувал сите стандарди за учество во сообраќајот вели сопственикот на „ Амиго компани“ кој го вршел превозот на патниците до Копаоник. Сопственикот, Никола Димчев, за ТВ24 вели дека возачот спречил поголема незгода избегнувајќи автомобил од спротивниот правец, па поради таа причина возачот во обид да ја избегне ситуацијата пропаднал поради лошо тампонираниот пат каде имало и канал.

Во вчерашната сообраќајна несреќа повредени беа 26 патници, од кои само една патничка е задржана во болницата во Ниш, додека другите се пуштени на домашно лекување. Автобусот полн со патници вчера требало да ги пренесе до туристичката дестинација Копаник, но истиот се превртил на патот Блаце – Белољин во Србија, па така патниците наместо на одмор завршиле во болница.

0 Коментари

Остави коментари