Се уште нема датум кога ќе почне судскиот процес за катастрофата во Кочани
Точниот датум кога ќе започне судењето за трагедијата во кочанската дискотека Пулс сѐ уште не е утврден, велат за 24 од Кривичен. Диана Груевска-Илиевска е судијката која ќе го води судскиот процес, но освен тоа дека има 19 годишно искуство како судијка и 17 годишен стаж како стручен соработник, други информации во јавноста за неа нема.
Таа единствено што пријавила до Антикорупциска во 2006-та е стан во Скопје на име на сопругот и возило како заеднички имот, а на свое име нема пријавено недвижен имот. Според тогашните податоци, пријавила и кредити, кои треба да се вратени.
ОСНОВЕН КРИВИЧЕН СУД – СКОПЈЕ
„Се работи за голем предмет со 37 обвинети и затоа не може веднаш да се закаже судењето, првин треба оцената на обвинението да им се достави на сите. Откако судењето ќе се закаже се поставува втор судија согласно АКМИС системот.“
За најголемата трагедија што се случи во земјава на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, а обвинети се и три фирми. На сите обвинети, ќе им се суди за делото „предизвикување на тешки дела против општата сигурност“, квалификација што правната фела ја оценува како невозможна.
Многу обвинети, премногу докази, бранители и уште толку оштетени се опфатени во целиот случај, што само по себе алудира на тоа дека не очекува долг измачувачки судски процес, а дали во истиот правдата ќе биде задоволена ќе зависи од многу фактори, констатира Давидовиќ, кој денеска ја добил оценката на обвинителниот акт.
Инаку, предметот, според одлука на Врховниот суд, беше доделен на Основниот кривичен суд во Скопје бидејќи во судовите во Штип и Струмица нема доволен број судии од кривичната материја.

