Се уште не се знае колкаво ќе биде новото поскапување за автопатот Кичево - Охрид

Приоритет е изградбата на пристапни патишта,граѓаните да бидат мирни - рече министерот за транспорт Николовски од увидот на автопатот Кичево Охрид каде впрочем денеска се пушти во употреба дел од трасата кај клучката Подмолје.

Во првичниот проект не бил предвиден ниту еден излез вели Николовски.

Роковите за Автопатот Кичево Охрид да се  доврши до 2026та остануваат но на  досегашните скоро 600 милиони ќе има нови поскапувања,колкави ќе бидат не е сеуште дефинирано рече премиерот Мицкоски кој потенцира дека интензивно се работи на делови од патот каде има свлечишта, а истовремено се изработуваат и проекти за стабилизирање на земјиштето што е мошне важно за завршување на целата траса.

Директорот на ЈПДП Трајановски потенцира дека се работи интензивно за да се запазат роковите во целост.

Според градежниците ставањето во употреба на надвозникот на клучката кај село Подмоље, значи олеснување на сообраќајот на тој дел од магистралните патни правци Охрид – Кичево и Охрид – Струга, а истовремено ќе овозможи и асфалтирање на втората коловозна лента на дел од трасата.