Се уште не почнати изборите, а дел од опозициските партии обвинуваат за предизборни нерегуларности
Foto

Се уште не почнати изборите, а дел од опозициските партии обвинуваат за предизборни нерегуларности

Алијанса на Албанците обвини за прекршување на изборниот законик во Стуга. Сурија Рaшиди, шеф на изборниот штаб на Алијанса за Албанците во оваа општина, информираше дека станува збор за поткуп и масовни вработувања во предизборна кампања, за што се пуштени пријави до Обвинителството, ДИК и Антикорупциска. 

Од Антикорупциска за ТВ24 велат дека активно ги следат сите нерегуларности кои се пријавуваат од почетокот на предизборната кампања. Досега на седница се одбиени два приговори од политички партии, а по сопствена иницијатива од допрен глас на медиуми имаат отворено и неколку случаи, кои во најголем дел се однесуваат на користење на службени возила од страна на политичари за партиски цели.  

Покрај овие случаи,  ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно ја обвини опозицијата за обиди за поткуп и други предизборни нерегуларности. Од ДИК и Антикорупциска посочуваат дека приговорите мора официјално да се достават до нив, за тие да можат да реагираат во координација со Јавното Обвинителство.

Владејачката СДСМ досега ги демантираше сите наводи на опозицијата, нагласувајќи дека изборите на 17 окотмври ќе поминат во фер и демократска атмосфера.

0 Коментари

Остави коментари