Се уште не е пронајдена жената од изгорената куќа во Челопек
Foto

Се уште не е пронајдена жената од изгорената куќа во Челопек

Пожарот во Челопек локализиран - потрага по исчезнатата жена за која очевидци тврдат дека изгорела, се уште трае. Скоро цел ден МВР и дежурните екипи го чистат просторот околу изгорената куќа на дедо Борис , кој тврди дека неговата животна сопатничка Стојанка , вчера се затворила во куќата и изогрела во пожарот. 

- Не се заклучи, влезе внатре, се затвори, еве тука. - вели Борис. 

Од раните утрински часови, првично се гаснеше пожарот, се чистеше просторот и со багер се урна ѕидот за кој се претпоставуваше дека внатре се наоѓа телото на 60 годишната Стојанка. Очевидци тврдат дека последен пат ја виделе надвор, кога во паника влегла во куќата. Роднините на годин Борис тврдат дека Стојанка телефонски ги информирала за пожарот и од тогаш нема траг. ТВ 24 го најде и телефонскиот број , но бројот е недостапен.

- Се уште нема никаква трага од нејзе. Во третата просторија изјавија дека има опасност да се сруши ѕидот. Се помага колку може за да се расчистат урнатините. - изјави Жаклина Јовановска градоначалник Старо Нагоричане.

Службите бараа и во околината на изгорените куќи, а во потрагата се вклучи и војската. Дежурните екипи на МВР од терен велат дека ќе останат во текот на ноќта, а со потрагата ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. 

0 Коментари

Остави коментари