Се уште бурни реакции меѓу граѓаните и на третиот ден од забраната за употреби на пластични кеси
Foto

Се уште бурни реакции меѓу граѓаните и на третиот ден од забраната за употреби на пластични кеси

Со стапувањето на сила на забраната за употреба пластични кеси, според Законот за управување со пакување и отпад - на пазарот се нудат хартиени кеси или платенени торби.

Цената 15 денари парче ги демотивираше потрошувачите да купуваат кеси за еднократна употреба.

- Скопје постави вкупно 455 контејнери за примарна селекција на отпадот на територијата на градот Скопје, од коишто 298 се наменети за селекција на стакло, 131  за селекција на пет-амбалажа и 26 за селекција на хартија. Доколку комуналниот отпад не е селектиран примарно од страна на граѓаните, вработените на  ЈП Комунална хигиена-Скопје ја вршат неговата селекција во рамките на Центрите за селекција на отпадот сместени во Карпош и во Вардариште, при што отпадот се селектира на следните фракции: хартија/картон, пластика, стакло и лименки. - велат од ЈП Комунална хигиена. 

Овие фракции се балираат и претпријатието ги пласира кај соодветните фирми кои што се занимаваат со дејноста, рециклирање на отпадот. На ист начин се постапува и со пластичните кеси заедно со мешаниот комунален отпад.

Во скопските маркети трговците нудат алтернативни варијанти. Забраната за употреба на пластични кеси не е нова туку од 2012 година, како и најавата дека ќе стартува делумна забрана на пластичните кеси се споменува пред неколку месеци.

- На граѓаните ова им претставува дополнително нарушување на нивниот начин на живот и реакциите се разбирливи, но сите ние треба да сватиме дека се наоѓаме среде климатска криза и треба на лично и општествено ниво да направиме многу поголеми промени, отколку што е замената на палстичните кеси, со поодржливи алтернативи. 

Здружението Иницијатива за забрана на употреба на пластични кеси апелира до граѓаните, да пазарат со платнени торби или повеќекратно да ги користат пластичните кеси кои ги купиле претходно.

0 Коментари

Остави коментари