Се уништува езерската трска на струшкото крајбрежје, МВР најавува кривични пријави
Foto

Се уништува езерската трска на струшкото крајбрежје, МВР најавува кривични пријави

Пред прагот на пролетта повторно почна палењето на трската на струшкото крајбрежје.Според информациите на полицијата досега изгорени се 400 метри трска на потегот кај селото Калишта, а против сторителите ќе бидат поднесени и кривични пријави за узупрација на недвижности и уништување на еколошката средина.

Палењето на трската овој период за жал стана традиција на струшкото крајбрежје последниве години. Екологистите постојано алармираат дека со нејзиното палење се причинуваат несогледлви штети врз флората и фауната на езерото, на целокупната еколошка средина околу заштитениот УНЕСКОВ регион.

И граѓаните и дел од невладините здруженија се сомневаат дека трската се пали за повторно узурпација на земјиште долж езерскиот брег која важи за најатрактивна локација.Она што а најалармантно е што сите овие дејствија повторно се слууваат во период кога УНЕСКО сериозно размислува регионот околу Охридското езеро да го стави на листата загрозени светски наследства токму поради негрижата кон природнто и културното богатство. Од општина Струга како и за се досега негираат било какви нелегални дејствија на крајбрежјето.

0 Коментари

Остави коментари