Се трага по две девојчиња, дошле на екскурзија во Скопје

Две девојчиња А.Ј. (12) и Р. И. (14) се бараат од 15:50 часот во Скопје. На девојчињата им се губи трага откако дошле на екскурзија во Скопје од Струмица.

Според информациите, исклучени се двата мобилни телефона на девојчињата од струмичко. Тие се дојдени во Скопје на екскурзија и, како и другите деца, требало да прошетаат и да дојдат во договорено време каде што биле паркирани автобусите, за да тргнат кон дома. Но, и по подолго чекање, тие не се вратиле, а наставниците ја известиле полицијата.

На надзорните камери во трговскиот центар „Веро Џамбо“ се гледа дека околу 15 часот и 50 минути девојчињата се упатиле кон строгиот центар на градот, односно кон кејот на Вардар и плоштадот „Македонија“.

Станува збор за 12-годишната Антонија Јанкова, чија мајка го објави апелот и 14-годишната Радмила Иванова, двете од Струмица.