Се степаа двајца кандидати за пратеници во Косово по дебата во ТВ-емисија
Foto

Се степаа двајца кандидати за пратеници во Косово по дебата во ТВ-емисија

Кандидати за пратеници во Собранието на Косово, Дардан Молилај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од  Самоопределување,  физички се пресметаат по завршувањето на емисијата Пресинг на кабелската телевизија Т7 во Приштина.

Главниот и одговорен уредник на таа телевизија, Леонард Керчуку, објави дека за време на емисијата двајцата кандидати размениле навреди што ескалирале во физички пресметка.

Моличај беше генерален секретар на партијата до заминувањето од Самоопределување и е еден од 12 пратеници кои ја напуштија партијата и ја формира Социјалдемократската партија на Косово.

Абази се приклучи на Самоопределување пред неколку недели и претходно беше директор на фондацијата Рокфелер во Косово.

0 Коментари

Остави коментари