Се стега ли обрачот околу шефот на државата?
Foto

Се стега ли обрачот околу шефот на државата?

Со нов предлог закон СЈО ќе добие проширени надлежности. Министерството за правда го стокми во 29 членови. Се предлага освен кривични дела кои произлегуваат од бомбите, обвинителите под надлежност на нивниот шеф во СЈО да гонат и дела извршени од претседателот на државата, наши амбасадори во странство, функционери.

„Специјалниот јавен обвинител е овластен и надлежен да истражува и гони: кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациитеизвршеновопериодотмеѓу 2008 и 2015 година, кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници“ - велат од Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство

Се укинува и начинот на избор на специјален обвинител, за кој беше потребна согласност од најголемите партии во земјава. По ново специјален обвинител ќе се бира во Советот на јавните обвинители од редовите на јавните обвинители со десетгодишно искуство. Специјалниот обвинител има одговорност пред државниот обвинител, или во случајов, Љубомир Јовески ќе води сметка за Катица Јанева.

„Постапка за утврдување на одговорност за нестручно или несовесно работење на Специјалниот јавен обвинител се спроведува по предлог Јавниот обвинител на Република Македонија.   Јавниот обвинител на Република Македонија одлучува по барање за изземање на Специјалниот јавен обвинител и доколку го изземе од постапување по конкретен предмет определува конкретно јавно обвинителство кое ќе постапува по тој предмет“ - се вели во Предлог-законот за Специјалното јавно обвинителство.

Додека се реформира СЈО, европскиот експерт Рајнхард Прибе порачува дека има уште многу работа за подобрување на имиџот на правосудството. Прибе кој беше во дводневна посета во земјава, се сретнал со судии и обвинители и од нив побарал поголема транспаренност во областа на судството.

0 Коментари

Остави коментари