Се сруши конструкција на железничка станица во Нови Сад, има повредени
Дел од главната железничка станица во српскиот град Нови Сад, се сруши утрово, при што повредени се неколку лица. На терен се наоѓаат седум екипи на Итната помош и три противпожарни возила.
Надстрешницата се урнала нешто пред 12:00 часот. Падната е надстрешницата која се наоѓа над влезнате врата во објектот на станицата.