Се ситнат занаетчиските дуќани во Охрид - младите со слаб интерес

Од вкупно 20 кондураџиски дуќани во Охрид сега се останати само три. За некоја година ќе затворат и тие ако државата не им излезе во пресрет да им помогне да ги одржат занаетите кои се во изумирање.

Претстојниот период ќе биде исклучително тежок велат од занаетчиската комора, давачките за струја растат со грејната сезона, а купувачи и промет има двојно па и тројно помалку во однос на летото.

Лани во Охрид се отвориле 16 занаетчиски дуќани од кои 15 со грант од неповратни 6000 евра од Агенцијата за вработување. Најчесто фризерски и козметички салони. Но, затвориле 14 што е kатастрофален податок.Најголем проблем зошто младите не отвараат занаетчиски дуќани се големите давачки и ризикот од мала заработка.

Moментално во Охрид има регистрирано околу 300 занаетчии. Најмногу има физери, бербери и козметичари кои отсекогаш биле најбројни.