Се разгорува руско-украинската војна – Киев и цивили цел на напад

Војната на истокот на Европа продолжува со несмален интензитет..Дваесетина загинати во последната серија ракетни напади врз Киев и околните региони..Уништени стамбени згради, пријавени десетици пожари ..Украинскиот претседател предупредува дека земјата наскоро нема да може да се одбрани од секојдневните ракетни напади...Од армијата тврдат дека Москва истрелала 24 балистички и четири хиперсонични ракети..Ниту една од нив не била пресретната од против воздушната оперма..

володимир зеленски – претседател на украина: „Пресретнувачите на балистички ракети можеа да ги спасат животите на оние што денес загинаа. Многу е важно нашите партнери да разберат дека доцнењето во испораката или неподготвеноста да се обезбедат противбалистички системи директно водат до вакви ужасни жртви и разорувања. “

Градоначалникот на Киев предупредува дека постои голема можност, под урнатините да има голем број на затрупани луѓе..Педесетина побарале медицинска помош а дел од нив се со сериозни повреди..

Руската армија пак негира дека биле погодени стамбени објекти и тврдат дека цел биле логистички и дистрибутивни центри кои се користеле за воени потреби..Од тамошното министерство за надворешнои работи пак ја обвинија европа дека се движи на погрешен пат и дека наместо да ја милитализира, можела да и помогне на Украина да прерасне во модерна држава..

Марија Захарова – портпарол на Министерството за надворешни работи на Русија: „Парите што Западна Европа ги испрати за поддршка на режимот во Киев, оваа таканаречена помош, можеа да се искористат за обнова на Украина во современ европски Дубаи. Зборувам за технологија и инфраструктура, од патишта, мостови и аеродроми до дигитализација на комерцијални и станбени згради. Таквата великодушност кон воените цели е во остра спротивност со скржавоста во конструктивните области.“

И покрај обвинувањата, од Европската унија  најавија нова финансиска помош за Киев..1.4 милијарди евра камата заработена од замрзнатите руски средства ќе им бидат префрлени на Украинските власти..

Урсула вон дер Лајен - претседателка на Европската комисија: „Русија мора да плати за уништувањето што го предизвика. И ние ги користиме приходите од блокираните руски средства за да го обезбедиме тоа. И ставаме на располагање дополнителни 1,4 милијарди евра на Украина. Ова ќе го поддржи континуираниот отпор на Украина против нелегалната војна на Русија.“

Во изминативе недели, Русија и Украина ги засилија нападите...Главна цел на Москва беше престолнината Киев додека пак украинската армија нападите ги насочи кон енергетските објекти..