Се „разгорува“ политичката атмосфера - партиите, но дали само тие користат услуги на т.н. ботови?

Ботовите во Македонија пуштени на најсилно особено сега пред крупното политичко прашање како што е она за уставните измени. Ова го поттикна изјавата на премиерот Димитар Ковачевски, кој пред два дена обвини дека руски ботови и платени политичари се против уставните измени.

Стотици и стоптици лица со по неколку десетици лажни профили се на готовс кога треба да извршат некоја задача од некој центар на моќ, односно да креираат позитивно или негативно јавно мислење на одредена тема или просто кажано ботовите , на социјалните мрежи се почесто се користат и за провокации или поттикнување расправи. Но, што се случува во Македонија, експертите согласни, ботовите оперираат, но редно е безбедносните служби да се справат со „несаканите“ ефекти, иако јавна тајна е дека освен политичките партии со „ботовство“ се служат и тајните служби.

Има и ботови кои работат во корист на туѓа држава, според поранешниот началник во МВР Љубомир Ѓурчевски може кривично да одговараат со минимална казна од 5 години затвор. Но, потсети и дека премиерот мора да внимава кога ги кажува овие работи во јавност, особено што таквите појави треба да ги спречат безбедносните служби.

„Премиерот ја има најголемата одговорност за преземање одредени дејствија предвидени со закон за разбивање одредени сили во РМ кои одат против интересите на моментално македонската политика. Секој кој што ќе лиферува одредени разузнавачки или контраразузнавачки сознанија од интерес за некого каде што ќе биде омаловажувана Македонија како држава, треба да биде свесен дека сторил кривични дела од главата 28 каде што се предвидени кривичните дела шпиунажа, велепредавство, саботажа, доведување на Македонија во потчинета состојба спрема друга држав или служба.“ - вели Ѓурчевски.

Комуникологот Бојан Кордалов пак, за ТВ 24 вели дека во критичните моменти, ботовите секогаш се обидуваат да наметнат мислење против некого и нешто. Според него, во вакви моменти, важно е да се објасни дека некои процеси не се во корист на политичари или партии, туку во корист на државата, но тоа мора да се направи со заеднички сили.

„Сите странски влијанија кои што постојат од компаративните искуства кои ги гледаме и кај нас и пошироко во светот, имаат за цел да попречат одредени процеси, одредени случувања за демократски, интегративни и слични процеси и тоа обично се гледа во сите истражувања и анализи, после инвазијата во Украина. Колку е тоа опасно и како се справува, тоа е важно институциите да го адресираат и јасно да го кажат, меѓутоа и да го превенираат во соработка со нашите сојузници.“ - вели Кордалов.

Според информациите на ТВ 24, човек во просек добива од 200 евра па нагоре за користење на по 50-тина профили од кои се наметнува некое мислење. Во некои периоди, се работело и по три смени, а за тоа се наоѓале и посебни простории кои луѓето кои се нафатиле на оваа работа, ги користеле како канцеларии.