Се распаѓа најстарата куќа во Струга
Foto

Се распаѓа најстарата куќа во Струга

Наместо да се реставрира и заштити најстарата куќа во Струга локализирана во строгиот дел на чаршијата се распаѓа.Иако уште од лани сопственциите реагираа дека културно богатство старо 150 години е во опасност, институциите се целосно индиференетни и немаат слух за старата градска архитектура се жали Глигор Ќато еден од сопствениците на објектот кој заради нарушени имотно правни односи сеуште нема пристап и не смее да преземе градежни активности а пред свои очи гледа како објектот се распаѓа.

Објектот е препознатлив топоним за градот Струга.Изградена е пред 150 години, со автентични чардаци и препознатилива фасада.Распаѓањето на куќата е се поочигледно а претставува опасност и за случајните минувачи низ чаршијата.

Од Охридскиот завод и Музеј и понатаму се на ставот дека објектот е само евидентиран, а не е во категоријата на поединечно заштитено добро за да можат да се превеземаат активности за негово санирање.Треба да се изготви елаборат за валоризација, а потоа да се донесе решение за прогласување  што е една долга мачна административна процедура и додека се чека на истата се поизвесно е дека Струга ќе ја изгуби најстарата и најавтентична куќа во чаршијата.

0 Коментари

Остави коментари