Се раскинуваат договорите за концесија за седум мали хидроцентрали во НП „Шар Планина“

Владата одобри да се раскинат договорите за концесија за користење на вода за производство на електрична енергија за шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во Националниот парк Шар Планина. 

Раскинувањето е побарано од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. 

Со нацрт-планот за управување со НП „Шар Планина“ се предвидува откажување од изградба на 25 хидроцентрали и забрана за нови хидроцентрали во секоја од зоните на националниот парк.