Се преврте хеликоптер на аеродромска писта во Скопје
Foto

Се преврте хеликоптер на аеродромска писта во Скопје

Полициски хеликоптер се преврте денеска во 11:30 часот на писта нааеродромот во Скопје. 

Информациите од МВР се дека хеликоптерот по слетувањето се превртел, а внатре биле екипажот и пилотит, од кои само еден е полесно повреден.

Хеликоптерот требало да послужи за обука на екипажот. Тој пред полетувањето полнел гориво и се превртел на пистата.

„Денес околу 11.30 ч. пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хеликоптер на МВР M 17 од засега непознати причини при полетување паднал. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лесни телесни повреди“ - информираат од МВР.

Фото: Слободен печат.мк

0 Коментари

Остави коментари