Се прават последните подготовки за старт на новата грејна сезона
Се прават последните подготовки за страт на новата грејна сезона. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски за ТВ 24 вели дека добил потврда од компаниите задолжи за топлинската енергија дека влегуваат подготвени за сезоната.
Но, цевководот на мостот Белација и пред оваа грејна сезона не е во функција.
„Во однос на изградбата на цевководот кој поминува на Мостот Беласица се превземаат активности што е можно побрзо тој да се пушти и добивме уверување од страна на ЕСМ дека и со оваа инфраструктура што ја имаме ќе немаме никакви проблеми со снабдувањето со топлинска енергија во градот Скопје.“ - Марко Бислимовски претседател на РКЕ.
Цела година претходното раководство на ЕСМ и Градот Скопје си ја префрлаа топката, чија одговорност е мостот Беласица и кој треба да ги постави новите цевки по пожарот кој лани го зафати мостот. При нашата обиколка, објективот на ТВ 24 ги забележа службите кои го започнаа процесот на враќање на цевките. Но, од ЕСМ картко ни соопштија дека тешко остварливо ќе биде тие да комплетно да се наместат и да бидат во функција до 15 октомври кога практично започнува грејната сезона.
На десетина дена пред новата грејна сезона на мостот Беласига се уште ги нема цевките кои што треба да го затоплуваат речиси половина Скопје. Таа обврска надлежните ја имаа и ланската грејна сезона но и тогаш тоа не се случи, Ппреку цевките кои се на мостот Беласица треба да поминува топлинска енергија која се произведува во електраната ТЕ-ТО а цената нејзина е три пати поевтина од онаа топлинска енергија која што ја произведуваат државните електрани.
Граѓаните кои ги анкетиравме си ја кажаа својата мака, но сите очекуваат топли радијатори и пристојни цени.
„Петнаесети октомви ќе го пуштат парното, сега уште топло е времево, се издржува.“
„За времето немам реакција, туку за силината да. За јачината на греење е многу слабо, барем кај мене, кај мене е многу слабо. “
„Нека биде добра услугата, цената може да биде коректна.“
Грејната сезона календарски трае до 15ти април. Но ако има услови односно ако тој период температурите се ниски, регулаторот одлучува уште колку време ќе се испорачува топлинска енергија. Во Скопје централното градско парно го користат околку 60 илјади домаќинства. Околу 15 илјади домови досега се откажаа од оваа услуга.