Се прават ли непотребно тумор маркери?
Лекарите да ги насочуваат пациентите во соодвтените лаборатории кои во тој момент нудат услуга за проверка на тумор маркери, за да не лутаат од едно до друго место.
Така, ќе се подобри начинот на кој се користат овие анализи при следењето на здравствена состојба кај пациентите, порача директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски на денешниот брифинг со новинарите.
Клековски рече и дека клучен момент во подобрување на начинот на кој се користат ваквите анализи е и нивната рационална употреба. Односно, да се користат за следење на здравствената состојба кај пациентите а не за дијганостика на одредена болест.
Сашо Клековски, директор на ФЗО
- Ретко овие тумор маркери се користат за дијагностика. Таков е примерот за ПСА кај простата и веројатно треба да имаме многу повеќе направени анализи бидејќи треба да се тестира здрава популација додека голем број од другите тумур маркери се добри за следење на состојбата на пациентите. Треба да се рационализира за да се остави простор за пациенти на кои тоа им е неопходно.
Ана Марјановиќ, онколошка пациентка и членка на Здружението „Хемаонко“ вели дека во Македонија тумор маркерите во Македонија се користат почесто отколку што препорачуваат меѓународните стандарди. Според неа тоа е поради недовербата на пациентите во здравствениот систем.
Ана Марјановиќ, Здружение „Хемаонко“
- Според ЕЗМО и другите релевантни онколошки институции, постојат јасни правила и насоки за тоа кога, како и зошто овие маркери треба да се прават. Во нашата земја, оваа појава најверојатно произлегува од недовербата во здравствениот систем. Од друга страна, како пациент целосно ја разбираме потребата за сигурност, како и стравот кој произлегува од неизвесноста што ја носи болеста.
На денешниот брифинг беше презентирана и анализа на Фондот за здравство која покажува дека до септември 2025 година биле направени 238 744 тумор маркери чкои инат над два милиони евра во фактурирани услуги кон Фондот. Најмногу тумор маркери се прават за простата (PSA), 65 502. Институција со најголем број анализи за тумор маркери е Институтот за клиничка биохемија.

