Се позивесно ново бугарско вето

Забетонирани позиции и на едната и на другата страна. Вака дел од аналитичарите гледаат на вчерашната средба во Рим на двајцата премиери Ковачевски и Петков. Реакции и дома но и во официјална Софија.

Во краток разговор за ТВ 24 аналитичарот Петар Арсовски вели дека се уште ништо не е изгубено но многу поважно е да се оди кон квалитетно наместо брзо решение .

Дел од експертската јавност пак поделена и дали воопшто треба да продолжат преговорите меѓу двете земји доколку Бугарија во јуни не го тргне ветото за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Ова го изнесе во недамнешното гостувањена ТВ 24 во Студио 10 аналитичарот Мерсел Бињали.

Експертската јавност но и дел од историчарите во официјална Софија пак за бугарските медиуми велат дека Бугарските власти мора да останат на своите позиции. Историчарот Христо Матанов пак во изјава за БНР додава 

Разминувањата во ставовите на двете делегации на Бугарија и Северна Македонија во Рим на 24 мај е стара и веќе позната традиција. Истото се случуваше и во југословенско време .  Бугарија не треба да прави отстапки пред Северна Македонија бидејќи и нема како да направи.  Ако направиме остапки тоа значи дека сме  согласни со  нивниот јазик на омраза кој секојдневно не преплавува.  

Во изјавите кои ги дадоа за медимите и двајцата премиери вчера посочија дека се уште нема договор и официјално решение, иако премиерот Ковачевски посочи дека за нови барања и воопшто не се дискутирало. Во фокусот на разговорите биле само оние прашања кои и до сега беа отворени меѓу Скопје и Софија. Дека бугарското вето е се поизвесно посочија и Петков и Ковачевски вчера во своите јавни настапи.