Се повеќе земји подготвени за вакцина против ковид 19
Преку железничкот тунел ламанш првите дози на вакцината против коронавирус на компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ пристигнаа во Велика Британија. Вакцините се однесени во централно складиште на непозната локација од каде ќе бидат пренесени во болничките центри за вакцинација низ Обединетото Кралство, пренесува Би-Би-Си.
Велика Британија во средата ја одобри вакцината и нарача 40 милиони дози што ќе бидат доволно за вакцинација на 20 милиони луѓе. Британија планира да плаќа отштета во висина од 130.000 евра на лицата кои би имале тешки нуспојави од вакцината против коронавирусот.
Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека очекува во првиот квартал од 2021 година да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози експериментална вакцина против ковид-19. Компанијата наведе дека 85 до 100 милиони дози вакцина ќе бидат достапни во сад, а 15 до 25 милиони надвор од земјата. „Модерна“ планира следната година да произведе меѓу 500 и една милијарда дози вакцина за целиот свет.
Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден го повикал главниот американски инфектолог ентони фаучи да продолжи да ја извршува својата работа и да биде главен медицински советник во тимот на новата администрација за борба против ковид-19. Тој нагласи дека ќе се вакцинира јавно кога Фаучи ќе каже дека вакцината е сигурна. Бајден додаде дека штом ќе ја преземе функцијата ќе издаде уредба за задолжително носење маски во сојузните служби и во јавниот превоз меѓу државите, како што се авионите и автобусите.
Граѓаните на москва од денеска ќе можат да се пријават за вакцинација против ковид-19, а пунктовите за имунизација ќе бидат отворени од утре, изјави градоначалникот на рускиот главен град Сергеј Собјанин. Тој нагласи дека први ќе се вакцинираат здравствените, просветните и социјалните работници. Листата ќе биде проширена во следните неколку недели, кога ќе пристигнуваат повеќе серии од вакцината. Пунктовите за вакцинација ќе бидат опремени со медицински ладилници, а персоналот поминал специјална обука...рускиот претседател Владимир Путин побарал да се почне со масовно вакцинирање против коронавирусот следната седмица.
Руската вакцина веќе пристигна во Србија. Ова го потврди претседателот Александар Вучиќ во интервју за РТС. 20 дози одат во лабораториите, а „безбедносно информативната агенција” ги препратила до „Торлак“, па сега нивните експерти и луѓето од агенцијата за лекови ќе ги испитаат за да кажат дали може да се прифатат.