Се повеќе млади луѓе учат занаети, но кадар за работа нема
Визијата на младите и понатаму е иселување надвор од земјава.Сакаат брзо да стигнат до пари, а мислат дека во странство е полесно.
Притоа во голема мера е изгубен култот кон образованието и затоа резултатите потфрлуваат во скоро сите сфери на општественото живеење,вели Сузана Наумоска едукатор и претприемач.
Но не се само парите причина за се поголемите миграции.
Инаку се поголем е бројот на ученици кои се запишуваат во дуалните паралелки во трите средни стручни училишта во Охрид. Овој позитивен тренд, за жал, не соодветствува со задржување на младите во Охрид и задоволување на потребите на бизнис секторот со стручен кадар.