Се повеќе анксиозни и депресивни млади луѓе евидентираат психолозите од југозападниот регион
Се повеќе анксиозни и депресивни млади луѓе евидентираат психолозите од Југозападниот регион.
Прекумерната употреба на интернетот и социјални мрежи се еден од најголеми фактори бидејќи кај луѓето создаваат една нереална слика и измислен свет кои подоцна предизвикуваат разни психолошки појави.
Јовчевска смета дека особено кај децата треба да се ограничат содржините кои ги гледаат. И да се комуницира со психолозите. Барањето на дијагноза на интернет може само да ја влоши состојбата.
Психолозите велат дека и после случувањата во соседството се зголемил бројот и на родители кои побарале стручна помош за своите деца. Менталното здравје е глобално прашање.
Над 1 милијарда луѓе, според Светската здравствена организација се соочуваат со проблеми поврзани со менталното здравје, додека пак УНИЦЕФ проценува дека 1 од 7 деца и млади луѓе ширум светот имаат одредени проблеми со менталната здравствена состојба.