Се посилни борби на Блискиот Исток - се вклучуваат и Курдите на страна на САД и Израел

Се отвора ли нов фронт во Иран. Покрај од воздрух, иранската армија се подготвува и за одбрана на копнените граници. Револуционерната гарда го зголемува бројот на војници долж границата со Ирак откако Курдите предупредија дека би можеле да се вклучат во војната на страна на САД и Израел.

Пограничниот регион, во кој се наоѓаат американски воени бази, е цел на жестоки напади во изминатите неколку дена. Иранската влада денеска уште еднаш изјави дека нема да има никакви преговори со американците порачувајќи му на Вашингтон, дека војната нема да заврши така брзо како што се надеваат. Бројот на загинати во земјата, веќе надмина една илјада.

Заедничка команда на Иран

„Во нападот врз американска воена база во Бахреин, уништени се објекти на американските терористи. Воздушната команда и контролниот центар се целосно уништени. Револуцуионерната гарда изврши силен напад врз позициите на анти револуциуонерните сепаратисти во регионот Курдистан во Ирак. Овие групи планираа да се инфилтрираат и одвнатре да ја нападнат нашата држава.“

Според Иранските медиуми, Моџтаба Хаманеи, ги преживеал досегашните обиди на САД и Израел да го елиминираат.. Синот на убиениот верски лидер, Али Хаменеи, се смета за главен кандидат за негов наследник.

Американската и Израелската армија и денеска продолжи со нападите врз Техеран...Цел повторно се владини и воени објекти а силни експлозии се пријавени на неколку места ширум државата...Најмалку 150 лица се водат како исчезнати по напад од подморница врз ирански брод покрај брегот на Шри Ланка.

Пит Хегсет – Секретар за одбрана на САД

„Ирански воен брод мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Но наместо тоа беше потопен од торпедо.“

Израелскиот министер за одбрана се закани дека војската ќе го елиминира секој наследник на Хаменеи...

Израел Кац – Министер за одбрана на Израел

„Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го води планот за уништување на Израел, закана кон САД, слободниот свет и земјите од регионот и угнетување на иранскиот народ, ќе биде недвосмислена цел за елиминација.“ 

Истовремено, продолжуваат и нападите врз Либан..Откако Хезболах се приклучи на војната, израелската армија нападна повеќе од 250 цели во земјата...Според Либанската влада, преку 60 илјади цивили морале да ги напуштат домовите ...

Во меѓувреме, и Француската авијација се вклучи во војната на Блискиот исток...Од Министерството за одбрана тврдат дека француски авиони неутрализирале голем број на ирански дронови чија цел биле Обединетите Арапски Емирати...

Но има ли поделба во Европската унија во поглед на војната на блискиот исток.. Шпанија , која му забрани на САД да ги користи нивните воени бази за напад врз Иран, му порача на Вашингтон дека ескалацијата на конфликтот лесно може да има глобални последици ...

Педро Санчез – премиер на Шпанија

„Не смеете да играте руски рулет со животите на милиони луѓе. Вака почнуваат големите катастрофи на човештвото. Ние се противиме на повторување на грешките од минатото. Нашата позиција е едноставна: не на војна. Нема да бидеме соучесници во нешто што е лошо за светот и спротивно на нашите вредности и интереси само за да избегнеме нечија одмазда   “

Според Магазинот Форбс, нападот на САД врз Иран веќе ги чини американските даночни обврзници повеќе од милијарда долари...Сепак,  вкупната сметка на крајот, според  медиумот, би можел да се приближи до 100 милијарди , во зависност од тоа колку долго ќе потрае конфликтот... 

Според Израелскиот министер за финансии, финансиската штета врз економијата на земјата, би можела да достигне до 2.9 милијарди долари неделно.