Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање
Foto

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

Директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов вчера во интервју за МИА во однос на забелешките изминатиот период дека нема доволно термини за тестирање и дека граѓаните чекаат по една недела и повеќе посочи дека според протоколот за тестирање контактите на позитивните случаи се ставаат во изолација 14 дена и ако во овој период пројават симптоми тогаш се тестираат и без разлика на резултатот, поради продолжената инкубација, продолжуваат со изолација, додека позитивниот случај останува во изолација 10 дена.

Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа е забележано зголемување на бројот на новозаразените.

Четиристотини и четири новозаболени од Ковид -19 се регистрирани вчера во земјава. Вчера биле направени 1524 тестирања, починати се 14 лица, сите биле хоспитализирани. Институтот за јавно здравје вчера регистрира 182 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26 394, бројката на оздравени пациенти е 18 430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека покрај капацитетите во другите градови и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје. Истакна дека во новото болничко крило има стотина кревети, но треба соодветно да се распредели кадарот. 

Информираше дека и болниците во Скопје се преполнуваат со ковид-пациенти, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје. Уште еднаш потенцираше дека сегашните мерки, кои сега се на сила, имаат за цел да лимитираат некаква форма на полициски час, односно лимитирање на контактите, носење на маски и избегнување на групирање.

Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија. Дел од заемот од Светската банка, наметен  за зајакнување на здравствениот систем, кој изнесува 34 милиони долари, ќе се искористи токму за овие 16 мини Ковид одделенија до сите болници, каде што е идентификувана потреба, како и за опремување со медицинска опрема на секој од овие Ковид центри со мобилен рендген апарат, ЕХО-апарати и за соодветен број на тестови. 

Филипче најави и дека се зголемуваат и термините, но и бројот на тестови за Ковид-19. Дадена е насока во сите лаборатории за време викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања.

0 Коментари

Остави коментари