Се помалку дивеч на Шара

Дали се доведува во прашање опстанокот на срната и дивата свиња на Шара? Последните бројки на Националниот парк Шар Планина говорат дека на планината се евидентирано само 11 диви свињи и 34 срни.

Загрижувачките бројки се добиени од 7 локации со 40 фото-замки, но и преку редовно патролирање и набљудување за период од 8 месеци. 

„Собраните податоци за дивата свиња и срната се загрижувачки затоа што бројните состојби се под биолошкиот минимум.Евидентираниот сегашен матичен фонд на дивата свиња (Sus scrofa) изнесува 11 единки од предвидениот матичен фонд по Годишниот план за заштита и одгледување од 220 единки, а евидентираниот сегашен матичен фонд на срна (Capreolus capreolus) изнесува 34 единки од предвидениот матичен фонд по Годишниот план за заштита и одгледување од 190 единки, вели Анела Панајотова од НП Шар Планина

Панајотова вели дека африканската чума го зела данокот. Свињата мигрира поради болеста. Намалува на популацијата на дивити животни пак се должи и на девијантните појави на Шара, кои го нарушуваат мирот на дивите животни потребен за нивна репородукција 

Во перидов што следи установата заедно со надлежните институции ќе спроведат мерки за спречување на болеста африканска чума кај дивите свињи. Заедно со ловните друштва соработка ќе се направи уште една проверка на бројната состојба. Болеста африканска чума во Националниот парк Шар Планина Агенцијата за храна и ветеринарство ја евидентираше во јанури оваа година.