Се подготвува нов модел на земјоделски субвенции

Каде завршуваат парите кои државата ги одвојува за субвенционирање на земјоделците. Секоја година се одвојуваат повеќе средства за помош на земјоделциите и сточарите, а производството на храна се намалува. Земјата се позависна од увоз на зеленчук, овошје, месни и млечни производи.

Од Националната земјоделска мрежа, велат дека субвенциите се повеќе популистичка - отколку мерка за развој на земјоделците.  

Споредбено - во дел од соседните земји помошта за земјоделскиот сектор е за до 30 пати поголема од Македонија каде сумата на годишно ниво изнесува 100 милиони евра, пари чиј голем дел не завршуваат кај вистинските земјоделците. Првиот човек на Платежната агенција Даниела Лазарова, вели дека наредната година ќе има сосема поинаков концепт при доделување на субвенции со кој ќе се намалат злоупотребите. 

Од Министерството за земјоделие, велат дека се работи на програмите за финансиска подрршка за 2026 година. За истите велат од ресорот најоптимално законско решение ќе се дискутира со земјоделските здруженија.