Се подготвува ли терен за предвремени парламентрани избори најрано наесен?

ДСМ тврди, ДУи притиска, додека власта барем официјално демантира, но колку заострувањето на политичката реторика, но и тет а тет средбата меѓи Али Ахмети и Христијан Мицкоски ќе биде чекор побиску кон нови избори.

Според дел од политичките аналитичари новиот партиски мандат на Мицксоки, економската состојба во државата која ќе му носи минус како премиер логично е премиерот да бара нов мандат.

Дел пак повоздржани во прогнозите – тврдат дека за нпви избори на Влада со речсии двотретинско ммнозинство апсолутно треба да има сериозна приказна, а ако профункционира начелниот договор од лидерската средба за такво нешто нема потреба. 

Темата за предвремени парламентарни извори се еактивираше откако буквално од никаде премиерот Мицкоски како тема на лидерслата средба иницираше укинување на техничката влада која треба да се случи 100 дена пред парламентарни изборо кои ако би биле редовни би  се одржале дури во 2028. Венко Филипче  исвесен период тврди дека планот на Владата е да оди на избори за да го реализира договорот како што обвинувазт мигранти за пари, иако Мицкоски ги демантираше повеќе пати.

ДУИ бара предвремени избори од како завршија претходнит , а како идеја Ахмети планира да му го каже и на тет атет средбата ан Мицкоски категорично против избори се коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ тројката од ВРЕДИ.