Се пали трска на струшкото крајбрежје

Повторно гори трска на струшкото крјабрежје.Пироманите остануваат доследни на овој процес секоја рана пролет во Струга. Само последниов месец изгорени се неколку десетици хектари трска на самиот брег алармираат активистите.

Нанесена е огромна штета врз животинскиот свет и природата. Граѓаните се прашуваат што сега следно се планира да се гради на брегот после опожарувањето, хотел, рестотан или стамбен објект?

Според билтенот на полицијата последното палење е пред два дена .Според информациите трска се пали на сред бел ден а досега не е пронајден и казнет ниту еден граѓанин кој се осудил на ваков чин.

На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Градоначалникот Рамис Мерко категорично тврди дека нема да има никакви градби ниту тампонирање на земјиште.

„Ние сме против палење на трската, можеме да апелираме да не се прави тоа. Ние не сме ни полиција ни обвинителство ни инспектори за да го спречиме тоа. Шпекулација е дека се пали за да се гради. Нема шанса некој да гради во тој дел каде е јавен имот. Шпекулација е дека ќе издадеме одобренија за хотели и други градби. Има приватен имот таму, но тој треба да се урбанизира и да се добијат сите позитивни мислења. Не може да се гради на диво“, тврди Мерко.

Палењето на трската се случува во период кога Охрид и Струга се наоѓаат под засилен мониторинг на УНЕСКО поради недоволна грижа и прекумерна урбанизација за крајбрежјето.