Се одложува можноста за докуп на стажот за пензија, решението нема да се носи годинава
Foto

Се одложува можноста за докуп на стажот за пензија, решението нема да се носи годинава

Нема промена. Пензија на 62 години за жени и 64 години за мажи. Министерството за труд и социјална политика преку соопштение се дообјасни, откако во синошното гостување во 24 анализа, министерката Јагода Шахпаска рече дека сите ќе се пензионираат на 64 години.

Сепак, во дообјаснувањето, од Министерството велат дека сепак, жените ќе можат да заминат во пензија на 62 години, но се укинува можноста од продолжување на работниот стаж до 67 години.

„Во согласност со Уставот, правото за пензионирање на мажите и жените во однос на возраста е изедначено и тие се пензионираат на 64 години. Но, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во член 18, им остава можност на жените да заминат во пензија и на 62 години, доколку тие така одлучат. Предложените измени на Законот за работни односи се однесуваат само на укинување на можноста за продолжување на работниот век до 67 години, но не предвидуваат измени во однос на укинување на можноста жените да се пензионираат на 62 години, но само доколку тие самите така одлучат.

Граѓаните се уште нема да можат да си го докупат стажот, оти владејачкото мнозинство го одложи донесувањето на законот кој ќе го дозволи тоа. Министерката Шахпаска вели дека власта не се откажала од ова изборно ветување, но дека тоа не е предвидено во првата година од владеењето.“

Од Синдикатот велат дека двата закони за пензионирање и за откуп на стаж треба да се донесат најбрзо што може и дека и власта и опозицијата треба да демонстрираат силна почитичка волја, ако мислата на доброто на граѓаните. Според нив, вака како што стојат ртаботите, владата не успеа да го испорача она што го вети.

Власта го предложи новиот закон за работни односи уште во ноември, чија примена требаше да се случи на почетокот на годинава. Со него беа опфатени околу 10 илјади вработени во јавната администрација, кои треба да заминат во пензија. Но, откако опозицијата поднесе 500 амадмани, тој се уште не е донесен. Опозицијата бара законот да важи од ѝ1 заприл годинава.

0 Коментари

Остави коментари