Се одложи судењето за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска
Во струшкиот суд денеска повторно се одложи судењето за родилката од Дебар Јилдиз Веапоска, која при породување во болницата остана без три органи.
Одбраната поднесе кривична против супервештаците од медицинскиот факултет, затоа што биле ангажирани надворешни членови. Второбвинетиот кој промени три адвокати денес повторно побара одложување заради здравствени причини на своето дете. Оштетените велат се прави се за да застари делото и обвинетите доктори да не сносат одговорност.