Се очекува Арбен Таравари да побара оставки од министрите и замениците
Арбен Таравари вечерва ќе го официјализира излегувањето од Владата. Одлуката за излез на Алијансата на Албанците од Илинденска број 2 се очекува да биде донесена вечерва пред партиските тела во Тетово.
Според информациите на ТВ 24, на маса е опција Таравари да побара од неговите министри и заменици, на чело со него како министер за здарвство да си поднесат оставки.
Превирањата помеѓу Таравари и владината коалција почнаа откако тој одлучи сам да настапи на локалните избори, а потоа не ја исклучи и монжноста за соработка со Ахмети, но вчера од отворањето на изборен штаб од Врапчиште, Таравари говореше и за маргинализација на Албанците и остапување на патот на Владата од ЕУ.
„Владата некако го изгуби патот кон ЕУ. Гледате, ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијансата за Албанците ќе одлучи утре или задутре да ја напушти Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната влада.“ - Арбен Таравари Алијанса на Албанците.
Владините партнери на Таравари пак со остра порака до него - во Владата нема место за соработници со ДУИ, а оставката нема да влијае врз парламентарното мнозинство.
„Апсолутно Владата е стабилна и во тоа дилема нема никој имаме сериозна поддршка од скоро две третини од пратениците и тоа ќе се утврди наскоро преку одредени собраниски постапки она што сакаме да го испратиме како порака е дека во Владата нема место за соработници на ДУИ.“ - Бране Петрушевски ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Мицкоски веќе најави дека неделава ќе го покани Таравари на уште една средба, најверојатно последна на двајцата во својство на премиер и министер. Таравари има пет пратеници , но дали и колку ќе задржи, оваа дилема ја отвори во 24 анализа членот на ЦК Орце Георгиевски. Неофцијално во Собранието се прават напори за преземање на пратеници и од власта и од опозицијата во албанскиот блок.