Се ниша ли владината коалиција?!
Може ли Груби да биде каменот на сопнување за владината коалиција откако ЗНАМ веќе посочија дека ќе го преиспитаат своето учество во владата доколку продолжи примената на стари репризни практики, но и по шпекулациите за тоа дали воопшто има или не некаков договор за влегување на ДУИ во власта.
Повикувајќи се и на едно од последните ТВ гостувања на лидерот на партијата Максим Димитриевски во објавата на официјалната страница на партијата наведуваат
ЗНАМ
- ЗНАМ влезе во власта за да гарантира почитување на Уставот и законите и предупреди дека нема да дозволат повторување на старите практики. „Доколку видиме елементи на реприза, ќе го преиспитаме нашето учество во власта“ Во врска со шпекулациите за евентуална коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ЗНАМ нема сознанија за таков договор, но ЗНАМ нема да има свои претставници во владата доколку ваквиот, нереформиран ДУИ биде дел од некоја идна влада.“
Со реакција денеска се јавија од Бихаќка дирекно прозивајќи го Димитриевски дека како што велат и самиот не се согласува за третманот на Груби . Во дописот наведуваат
СДСМ
- Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа. Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ . Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
И вчера во гостување на ТВ 24 Андреј Жерновски од СДСМ го наметна прашањето за тоа какви се односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по лидерската но и дали случувањата со груби се дел од тој договор.
Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ пак во истото гостување вчера посочи дека го разбирал стравот на СДСМ, бидејќи се прашуваат кој од нив Груби ќе го повлече со него.
Случувањата со Груби и одредувањето на мерка домашен притвор се повеќе ја бранува јавноста што стана и мета на секојдневни партиски препукувања за тоа дали и каде потфрлаат институциите . ДУИ само го поздрави неговото враќање и посочуваа дека будно ќе го следат целиот процес а пак ВРЕДИ тврдеа дека е оворена пандорината кутија само прашање на време е кој се че повлече Груби во процесот кој ќе се води за него .

