Се намалува цената на парното греење за деловните корисници во Скопје
Парното поевтинува за 35отсто-намалување на цената на „индустриското парно“ или на цената на топлинската енергија за сите деловни објекти, јавни институции, а нови поевтинувања на домаќинствата се очекуваат во јули затоа што сега немало простор вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.
Деловните објекти, пониските сметки ќе ги добијат веќе во март. Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1 200 портошувачи приклучени на централно градско греење. Бислимовски тврди дека корекцијата во цените е поради тоа што се намалени и трошоците за природен гас, како и за тоа дека за време на кризата овие потрошувачи не добивале субвенционирани сметки како граѓаните.
Анкетираните граѓани пак, со поделени коментари за сметките за парно. А поради топлото време и граѓаните немаат поплаки. 65 000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија, а само од стартот на грејната сезона до сега се приклучиле околу 1 000 нови корисници.
Регулаторот настојува Законот за градба да се вметне и член со кој ќе се задолжат градежните компании да направат приклучок на мрежата за топлинска енергија кога градат згради во населби каде најголемиот дел од домаќинствата се греат на парно.
На почетокот на енергетската криза поради енормно високите цени на природен гас на светските берзи, компанија која го имаше бизнисот со парното греење се откажа, а регулаторот се откажа од дејноста. Следуваше формирање на нови три претпријатија кои се под државната ЕСМ и се за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.