Се намалува бројот на објекти со проблеми поради кои не може да се испорача топлинска енергија
Секојдневно се намалува бројката на објекти кои немаат обезбедни услови за испорака на топлинска енергија и имаат дефекти во внатрешната инсталација.
Од 88 објекти за 24 часа бројката се намали на 79, информираат од ЕСМ снабдување и апелираат потрошувачите побрзо да ги отстранат дефектите со цел непречено снабдување на топлинска енергија.
ЕСМ
- Во моментов, 79 објекти немаат обезбедени услови за испорака поради дефекти во внатрешната инсталација (поправките и редовното одржување се обврска на потрошувачите), оневозможен пристап до топлинските станици или прекин во снабдувањето со електрична енергија потребна за нивна работа, но моментална бројка е во постојан тренд на опаѓање.
Но, иако надлежните уверуваат дека системите се подготвени и испораката на топлинска енергија ќе биде редовна, граѓаните пак велат парно нема. Дел од жителите на општина Аеродром преку социјалните мрежи реагираа дека вчера вечерта останале со ладни радијатори
- Имаше сонце цел ден па затоа го изгасија..
- Сите се разболевме, не разбирам што сакаат да постигнат
Каде е парното во Аеродром и Ново Лисиче. Нели е грејна сезона? Радијаторите се ладни, децата се смрзнаа.
Од Регулаторна комисија за енергетика пак велат дека за проблемите со снабдувањето на топлинска енергија но и за дефектите кои се појавуваат граѓаните пријавуваат и кај нив.
ЕСМ
- Се јавуваат граѓани. Прво се жалат во ЕСМ но се јавуваат и кај нас.
Грејната сезона како и секоја година почнува на 15 септември и трае до 15 апр ил. Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април. И оваа грејна сезона старуваше со поплаки од граѓаните дека не ја добивата услугата за која плаќаат цела година.

