СЕ КРОИ НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА, ВАРХЕИ УТРЕ ВО СКОПЈЕ
Foto

СЕ КРОИ НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА, ВАРХЕИ УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Ако новата методологија се усвои набрзо – март е отворен прозорец за добивање датум вели Себастијан Малијар од Jacque Delores институтот во Париз за тв 24. Според него Франција не сака да биде лошиот полицаец во Унијата – изјавата на Макрон да се постигне единство за време на Самитот во мај е порака дека големи се шансите да се тргне француското вето.

- Сметам дека Макрон е заинтересиран да се реши ова прашање, затоа што знаеме дека проширувањето со Балканот повторно се врати на ЕУ агендата. По еврокомесарот за проширување , се очекува Жосеп Борел да ја посети вашата земја. Има многу изјави дека мора да се направи нешто, тоа е заедничко чувство дека ЕУ мора да преземе нешто , но не без нова методологија. - изјави Себастијан Малијар директор на институтот Jacque Delores во Париз.

Според Малијар има омекнување на цврстите ставови на официјален Париз, но одлука нема да има без нова методологија која треба да го поедностави процесот на пристап во Унијата.

- Ја чекаме Европската Комисија да го испорача новиот предлог. Се очекува методологијата да биде објавена на 29 јануари – Франција ги стави своите идеи на хартија, некои од членките исто така го искажаа своето мислење за тоа како треба да изгледа процесот. Ако земјите - членки се согласат, бидат единствени и ја усвојата методологијата до март – тогаш има шанси да дадеме датум за време на Европскиот Совет во март. Тие се обврзани да најдат решение пред 7 мај на Самитот во Загреб, така што март е отворен прозорец. - изјави Себастијан Малијар директор на институтот Jacque Delores во Париз.

Утре во прва официјална посета на земјата доаѓа еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Средби ќе оствари со претседателот Пендаровски, премиерот Спасовски и претседателот на Собранието Џафери. Вархеји ќе има средба и со лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ Заев и Мицкоски. На средбите се очекува да се разговара за новата методологија која се крчка во Брисел.

0 Коментари

Остави коментари