Се крчкаат кандидатурите за градоначалници и советници на Европскиот фронт

Ахмети Села и Таравари на чекор до потпишување на официјален договор за заедничка соработка како коалиција за престојните локални избори брифираат извори од Европскиот фронт за ТВ 24.

Во краток разговор од ДУИ кои пак вчера имаа и претседателство на партијата посочија дека лидерот Ахмети на маса ги ставил токму овие прашања како и настапот на престојните избори но и преговорите кои допрва треба да се водат за кандидатите.

- Во голем дел од ова има вистина. Вчера ДУИ имаше и претседателство на кое се дискутираше токму на овие теми. Во наредните денови ќе има веќе и официјални информации па и околу преговориуте и кандидатите за градоначалници во општините со кои би излегле заедно. Сето ова е резултат на инстриуционалната дефакторизација на албанците во оваа земја со актуелната власт која нема легитимни претставници на албанците. - ДУИ.

Вчера на пресконференција и пратеничката од Европскиот фронт Арбана Пашоли најави проширување на Европскиот фронт поради како како што рече укинувањето на уставната вредност за правична и соодветна застапеност на албанците, но и механизамот за Балансерот. 

По излегувањето на Таравари од владината коалиција тој во неколку наврати посочи дека поприоритетно му е да добие повеќе градоначалнички места отколу две министерски и дека тоа е прв чекор кој го носи поблиску до граѓаните.

Неофицијално веќе за кандидат за градоначалник на Сарај се спомнува Блерант Рамадани кој доаѓа од крилото на Таравари а кој најверојатно би бил поддржан од Европскиот фронт но тоа за сега се уште се само шпекулации. За градоначалник на Чаир се спомнуваше дури и името на Бујар Османи но и името на Абдуселам Селами.

За во Тетово се спомнуваат имињата на Бајрам Реџепи и Фатон Ахмети од ДУИ, а од Европскиот фронт можен кандидат е и Илир Демири од Алијансата за Албанците -  крило на Села. Сепак ова се само дел од имињата кои се поврзуваат со можни кандидатури а кои за неколку дена би биле познати и официјализирани.