Се „крчка“ ново законско решение за намалување на каматите на долговите на граѓаните и намалување на рокот за застарување
Ново олеснување за неплаќачите на сметки. Власта во скратена постапка планира да изгласа измени на Законот за облигациони односи кои претпоставуваат намалување на каматите кај долговите што ги имаат граѓаните од неплатени сметки и спуштање на рокот на застареност од 10 на 5 години. Следуваат и измени на Законот за финансиски друштва.