Се конституира седницата за правична застапеност при вработувањата во јавниот сектор

Одржана првата конститутивна седница на собраниското тело за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои им припаѓаат на сите заедници. Седницата ја водеше претседателот на ова тело Талат Џафери.

Членовите донесоа заклучок до Владата да се испрати „Барање за доставување на Акцискиот план за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт“. Како што рече Џафери, Владата има рок до 15 декември да го достави овој Акциски план до Собранието.

На седницата присуствуваа сите членови на ова тело со исклучок на претставникот на СДСМ но од пратеничката група велат дека бил оправдано отсутен но дека нивниот став останува непроменет. Односно дека ова тело е резултат на како што велат пазарот меѓу Мицкоски и Ахмети кога се гласаше реконструкцијата на владата.

- Нашиот член беше оправдано отсутен . Но исто така јасен е и нашиот став во врска со формирањето на ова тело дека тоа е обично пазарење меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ кога пратениците од Европскиот фронт требаше да гласаат за реконструкцијата на владата на Мицкоски.

Пратеникот Халил Снопче пак во изјава за медиумите по завршувањето на седницата изјави дека ова тело не може да биде замена за укинувањето на Балансерот .

Ова е прва конститутивна седница на ова тело. Освен претседателот Талат Џафери потпретседател на Комисијата е Муса Џафери. Членови се пратениците Антонијо Милошоски, Александар Велјановски, Драган Ковачки, Ѓорѓија Сајкоски, Дафина Стојаноска, Драган Недељковиќ, Салим Сулејмани, Илир Демири, Сали Мурати, Миле Цеков, Фатмир Битиќи, Соња Мираковска, а заменик-членови пратениците Ели Панова, Мевмед Џафери, Бојан Стојаноски, Благица Ласовска, Игор Здравковски, Малиша Станковиќ, Имрлије Салиу-Фетаи, Елми Азири, Илир Хасани, Даниел Стојчевски, Борче Цветков и Моника Зајкова.