Се интензивираат меѓупартиските преговори за локалните избори

Ќе застане ли Христијан Мицкоски зад коалицискиот партнер Максим Димитриевски во Куманово или пак ќе истрча со сопствен кандидат. Според информациите на ТВ 24 во тек се преговори меѓу претставници на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за заедничка поддршка на кандидати за градоначалник на локалните избори, но договор нема.

Лидерот на Знам Максим Димитриевски за ТВ 24 вели дека разговорите траат.

- ЗНАМ на  локалните избори ќе настапи со сопсствени советнички листи. Во однсон на кандидатите за градоначалници ќе носиме дополнително одлуки , отккао ќе финишираат разговорите со коалицискиот партнер.- вели за ТВ 24 лидерот на ЗНАМ.

Иако Димитриевски не сака да коментира детали околу преговорите, според информациите ан ТВ 24 од извори во неговата партиа не се исклучува да истрча и против кандидат на ВМРО -ДПМНЕ, но и одколку се процени, да се оди со друг кандидат. Освен за Куманово, споре истите извори во планот на ЗНАМ е и Центар и неколку помали општини. За возврат ВМРО-ДПМНЕ би ја добила нивната поддршка во другите општини особено во Град Скопје. 

Дека разговори има, но и дека и комуникација имал и лично премиерот и лидер на ВМРО -ДПМНЕ за ТВ 24 потврдуваат и од партијата ан Мицкоски. Според нив, се уште е пресечено дали би истрчале со свои кандидати во Куманово и Центар, или би застанале зад Максим Димитриевски. Во ВМРО-ДПМНЕ веќе се стигнати предлозите за локалните избори од ОК, но најтешката ватрепартиска битка ќе се води во Скопје, каде сериозни амбиции имаат грдаоначалникот на Кисела Вода Орце Георгиевски и министерот за локална самоуправа Златко Перински и Боби Стефковски.

Мицкоски иако вели дека кампањата ќе почне за девет месеци, сепак впечатокот на дел од неговите сопартијци е дека премиерот го избра својот фаворит. Деновиве тој може да се види речисии секојднво на настан со министерот за локлана самоуправа во рамките кампањата организраан токму од минситерството на Перински  „Каде што е срцето таму е дома“. Официјално Мицкоски најави само победа. 

Парарлелно Мицкоски имал и комуникација за поддршка во вториот круг и со четворката на Вреди. Како што веќе објави ТВ 24 коалициските партнери на Христијан Мицкоски, лидерите на  Вреди очекуваат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во вториот изборен круг на локалните избори. Според висок владин функционер од Вреди, Гаши, Касами, Таравари и Меџити дефинитивно ќе одат на избори до заеднички листи, а начелно се знаат и општините каде кој би предложил свој кандидат.