Се формира нова суперклеточна бура: Словенија и Хрватска во најголем ризик од невреме

Над северна Европа има силен циклон, а како дел од него студен фронт, кој ја „подели“ Европа на два дела. Овој студен фронт подели две сосема спротивни воздушни маси, топли од исток и југоисток и значително постудени од север и запад, кои продреа од Атлантикот низ цела западна Европа до Алпите и до Шпанија и донесе силни грмотевици, обилни врнежи и ладење. 

Според досегашните прогнози, најголем ризик од невреме се очекува во Словенија, Хрватска и Црна Гора, како и на Јадранот, додека заладувањето во поблага форма кога се во прашање невремето и врнежите ќе стигне до Србија.