Се договорија синдикатите и министерството за здравство, зголемување на платите од 2000 до 3000 денари

Падна договор меѓу синдикатите за здравство и ресорното министерство, ќе се потпише анекс на колективниот договор, нешто што синдикатите го бараа шест месеци наназад.

Воочи денешниот протест, синдикатите остварија средба со заменик министерката за здравство и шефот на кабинетот на министерот, а потоа објавија дека е постигнат договор за зголемување на платите на здравствените работници.

И покрај договорот, денеска во 5 до 12 пред министерството за здравство се одржа најавуваниот протест, а претседателот на гранскиот синдикат при ССМ, доктор Љубиша Каранфиловски, порача деека со неговото непотпишувањето на анексот, ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

Претставниците на двата синдикати рекоа оти пчекуваат денешниот договор да се официјализира во најкраток можен рок, односно во текот на наредната недела.