Се чекаат резултатите од вонредниот надзор на здравствените инспектори во битолската болница, во болницата сметаат дека немало пропусти
Вонреден инспекциски надзор во битолската болница по смртта на 24 годишното момче, кое почина од внатрешно крварење како резултат на тешка инфекција. Здравствени инспектори по налог на министерот за здравство, ќе проверуваат дали имало некакви пропусти во третманот на младото момче.
Директорката на инспекторатот очекува во понеделник да имаат и првични информации за случајот.
„По налог на министерот за здравство Државниот здравствен и санитарен инспекторат врши вонреден надзор за починатото момче во однос на тоа што ќе содржи надзорот, се разбира дека ДЗСИ ќе излезе со фактичка состојба. Да оставиме да го завршат инспекторите од пордрачното одделение од Битола надзорот, а секако ќе се разгледуваат сите надлежности што ги има ДСЗИ и ќе излеземе со конректна информација.“ - вели Рената Младеновска директорка на ДСЗИ.
Според информациите од битолската болница, момчето седум дена имало висока температура, а три дена пред да се јави во болницата пиел антибиотик, препишан од матичен лекар.
Во вторникот, на 26 септември било лекарски третирано и му била дадена терапија, по што било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата состојбата му се влошила. Тој се вратил во болница, со многу висока температура и бил хоспитализиран на Интензивна нега, кадешто по речиси десет часа од хоспитализацијата починал.
Од почетокот на годинава, ова е четврти смртен случај за кој е инициран вонреден надзор во битолската болница, по оној на шестгодишната Јана во март, кадешто не беше утврдена лекарска грешка, на новороденчето кое почина само два часа по породувањето, во април, како и за случајот сомртвороденото бебе на 21 годишната мајка во јули.