Се чека таткото на Вања да биде донесен пред судија на претходна постапка за определување притвор
14 годишната Вања Ѓорчевска грабната за пари, а убиена во паника, велешкиот фризер Панче Ѓежеовски убиен за долг од 500 евра. Девојчето и врзано, таткото дел од злосторството, убиецот Љупчо Палевски Палчо надвор од државата. Тројца од петте осомниченио го признале делото, го опишале злосторството и ја донеле полицијата до гробовите на двете жртви.
Обвинителството ќе бара притвор за татко и на Вања, бидејќи смета дека им кажал на осомничените кога неговата ќерка ќе биде сама на патот кон училиште. Неговите информации ги искористиле останатите четворица кои во понеделникот, рано наутро ја грабнале Вања уште пред да излезе од влезот на зградата
Мотивот наводно била информација дека мајка и на Вања продала стан и дека детето може да биде искористено за од неа да се изнудат пари. Вања е однесена во атарот на селото Бразда, каде и била убиена околу 2 часа по киднапирањето. Органите на прогонот немаат логично објаснување зошто детето било убиено ако осомничените планирале да го користат за изнуда.

