Се чека одлука на Алтернатива и средба со Ковачевски

Иако блиску до договор остануваат уште неколку круга кои овие денови  Ковачевски и Таравари треба да ги истрчаат со преговарачките тимови за и официјално да си подадат рака.

До крајот на неделата почетокот на наредната најверојатно понеделник ќе биде познат исходот, но и распределбата на министерствата, заменичките места но и пониските ешалони за кои во моментот се преговара. Сепак покрај Таравари термин за средба кај  Ковачевски чека и Гаши, а од Бихаќка и денеска велат дека престојат средби со сите коалициски партнери и очекуваат дека т.н владиниот проевропски фронт не само што ќе се зацврсти туку и ќе расте но конкретни детали ниту денеска не откриваат.

По вчерашниот работен состанок на потесното партиско раководство на Алтернатива, првиот човек на партијата Гаши во кратката изјава која ја даде за медиумите посочи дека и тие се за компромис околу распределбата на ресорите но мора да се исчека исходот од разговорите меѓу СДСМ и Алијанса за Албанците.

Сепак крајниот заклучок ќе го носат партиските органи откако ќе имаат средба со премиерот Ковачевски и може да поддржат се што не е контра продуктивно за партијата и државата иако висок партиски функционер од Алтернатива за ТВ 24 вели не ја исклучуваат можноста да се откажат од здравство за кое се повеќе се шпекулира во јавноста дека може да и припадне на Алијанса за  Албанците а во игра се и правда, образование, информатичко општество или животна средина. 

И додека на Илинденска број 2 на големо се калкулира од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и натаму остануваат на ставот дека ваквото евентуално проширување на владата нема да и донесе ништо добро на државата, а и децидни се дека уставните измени нема да се случат додека не се организираат следните избори.