Се чека одлука на Алтернатива и средба со Ковачевски

Следниве неколку дена ќе бидат клучни за Алтернатива да донесе одлука дали ќе продолжи во владината коалиција откако вчера потесното раководство на партијата во Гостивар разговараше за актуелните теми меѓу кои и оваа.

Лидерот на партијата Африм Гаши посочи дека во наредните неколку дена чека покана од премиерот Ковачевски да седнат на заедничка маса и да ги испеглаат внатрекоалициските ставови.

Потоа Алтернатива ќе донесе одлука.

Алијанса за Албанците се поивесно е дека ќе биде новиот владин партнер а веќе се лицитира и со одредени министерства и поделба на сектори.