Се чека лабораторискиот резултат за возачот на комбето
Foto

Се чека лабораторискиот резултат за возачот на комбето

Во соба за изолација во Општата болница во Струмица од вчера е возачот на комбето со кое допатува од Италија заразената, а кој сам пријавил дека има симптоми на кашлица и болки во градите.

– Земени се материјали за анализа и тие во следните часови ќе бидат изработени во лабораторија во Скопје, по што ќе ја информираме јавноста. Тој бил сам дома, немал контакти ниту со семејството и сам ја контактираше нашата служба. Кога ќе стигнат резултатите ќе одлучиме каде ќе се лекува. Доколку резултатот е негативен ќе продолжи да се лекува во Инфективното одделение таму, не во изолација, а доколку е позитивен ќе се префрли во Инфективната клиника во Скопје, истакна Филипче.

Единаесет лица од кои две деца кои биле во контакт со пациентката која е на Инфективната клиника, се во домашна изолација. Извршени беа тестирања за коронавирус на неколку луѓе, вратени од Италија, чии резултати беа негативни.

Министерот Филипче смирува дека нема простор за паника, будно се следи ситуацијата од страна на експертите епидемиолози од Комисијата за заразни болести.

– Во секој момент сме спремни одлуката да се надгради, да се воведе нешто друго доколку треба и на истиот начин и за викедот ќе продолжиме да ја информираме јавноста за се што се случува, рече Филипче.

 

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа бидејќи тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

0 Коментари

Остави коментари